дома Свет ДИПЛОМАТИ ОД ЕУ НАЈАВУВААТ: Од идната недела држави од ЕУ ќе почнат...

ДИПЛОМАТИ ОД ЕУ НАЈАВУВААТ: Од идната недела држави од ЕУ ќе почнат со признавање на Гуаидо за претседател на Венецуела

Држави членки на Европската унија ќе почнат од идната недела да го признаваат Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

Дипломати од ЕУ најавуваат дека при признавањето на Гуаидо европските држави ќе користат внимателни формулации за да не направат политички преседан.

Оваа недела во ЕУ беше постигната согласност за поддршка на Гуаидо само до одржување нови избори во Венецуела.

Наместо Унијата да направи заедничка изјава, секоја од државите ќе изрази своја позиција за тоа дали го поддржува претседателот на венецуелскиот Парламент.