February 26, 2024, 7:42 pm

Директорот мисли дека има греење, вели има дефekти на системите и тече вода: Пaциeнтите тврдат, на минусни температури болницaта е оставена без гpeeње

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од почетокот на грејната сезона и зимото, Болницата во Кочани е оставена без парно греење тврдат пациентите кои се лекуваат во оваа здравствена установа.

Лошите услови за лекување велат тие се уште полоши поради недостигот на греење. Пациентите за Инфомакс тврдат дека се покриваат со по три кебиња кои ги носат од дома за да се затоплат, оние кои не можат да го издржат престојот пак се приморани решение да бараат во друга здравствена установа или во домашно лекување кое е сепак ризик по здравјето на пациентите со посериозни здравствени проблеми.

Оние кои што можат да си дозволат и покрај тоа што со години плаќаат здравствено осигурување решението го бараат во приватното здравство.

Ваквата состојба во болницата особено го погодува медицинскиот персонал кој и онака е истоштен од справувањето со пандемијата, тие за Инфомакс велат дека ситуацијата е крајно сериозна, а одговорот на раководството на болницата е крајно несериозен бидејќи овој проблем се провлекува веќе неколку месеци.

Сепак директорот на болницата го тврди спротивното, тој вели дека нема никаков проблем со затоплување на овој болнички капацитет.

На прашањето дали во моментов има греење во болницата, доктор Александар Серафимов вели „Не знам од каде ви се тие информации, јас мислам дека има, можете да дојдете да видите, секој може сешто да каже“.

-Имаме доволно екстра лесно масло за затоплување, сеа некаде има дефекти на системите и тече вода, ама тоа е вообичаено, тековни проблеми, вели Серафимов.

Тој тврди дека големите дефекти кои биле поврзани со централниот систем за парно греење бидејќи болницата имала неколку сегменти кои се грееле на иста мрежа се решени, односно во моментов тие поголеми дефекти се отстранети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This