дома Македонија ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ: Укинувањето на банкарската тајна спротивно на...

ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ: Укинувањето на банкарската тајна спротивно на законот

Дирекцијата за заштита на личните податоци дала негативно мислење за Законот со кој УЈП ќе ги проверува банкарските сметки на граѓаните. Предложените законски решенија, велат од Дирекцијата, не се во согласност со начелата за заштита на личните податоци од Законот за заштита на лични податоци.

-За да може да се пристапи кон изменување и дополнување на Законот за банките и креирање на нормативни решенија кои ќе се однесуваат на доставување на податоците од банките до Управата за јавни приходи ќе треба претходно да се создадат законски предуслови во материјалниот закон – Законот за Управа за јавни приходи, со кои ќе се утврдат заштитни мерки и други мерки за заштита на правата и слободите на субјектите на личните податоци во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци, се вели во соопштението од Дирекцијата.