дома Спорт Добра вест: Миркуловски нема скинат мускул

Добра вест: Миркуловски нема скинат мускул

Повредата на Филип Миркуловски не е од сериозен карактер, па постојат реални шанси тој да настапи на утрешниот осминафинален натпревар против Норвашека, пишува Гол.мк.

Мускулот не е скинат, па вечерва Миркуловски ќе се обиде лесно да тренира во Албервил.

Дејан Манасков се пожали на повреда, но и кај него таа не е сериозна и тој би требало да игра против Скандинавците утре од 16.00 часот.

Нашите ракометари, утрово во 11:30 часот со чартер лет се очекува да отпатува за Албервил и вечерва од 18:30 часот ќе го одржат и официјалниот тренинг, пред утрешнио меч во 16:00 часот.