дома КОВИД-19 (Коронавирус) ДОБРИ ВЕСТИ: Ниту еден зaрaзeн од кoрoнaвиpyc меѓу вработените во градинките од...

ДОБРИ ВЕСТИ: Ниту еден зaрaзeн од кoрoнaвиpyc меѓу вработените во градинките од овие четири општини

Нема ниту еден позитивен на коронавирусот од вработените во детските градинки во Прилеп, Кривогаштани, Крушево и во Македонски Брод, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје.

Сите 242 вработени се негативни.

Ова се резултатите од скринингот на вработените во градинките кои беа тестирани на 28 и на 29 мај.

Според општините, во Прилеп се 192 лица, во Кривогаштани пет вработени, во Крушево 21 и 24 вработени во Македонски Брод.