дома Занимливости ДОБРО СМИСЛЕНА РЕКЛАМА:Ако имате доволно следбеници на Инстаграм во овој ресторан можете...

ДОБРО СМИСЛЕНА РЕКЛАМА:Ако имате доволно следбеници на Инстаграм во овој ресторан можете да јадете бесплатно

Сопствениците на еден ресторан во Милано им нудат на своите муштерии необичен начин на плаќање. Освен со пари и картичка, кај нив гостите можат да платат оброк и со бројот на следбеници на Инстаграм.

Матео и Томасо Питарело, сопственици на ресторанот “Ова не е суши бар” во Милано, на овој начин одлучиле да привлечат што повеќе муштерии.

Идејата е едноставна – што повеќе следбеници имате, толку повеќе можете да изедете, а да не потрошите пари.

Ако имаат помеѓу 1.000 и 5.000 следбеници можат да добијат бесплатно суши. Оние со 5.000 до 10.000 ќе добијат дури и бесплатна порција оброк, додека оние кои имаат повеќе од 100 илјади – комплетен оброк.

Единственото нешто кое треба да го направите е да објавите фотографија на вашиот Инстаграм профил со хаштаг со називот на ресторанот.