дома Актуелно Довчерашните соработници на Заев доставуваат снимки за него до нас

Довчерашните соработници на Заев доставуваат снимки за него до нас

Зоран Заев знае дека негови до вчерашни соработници ни доставуваат снимки за него и затоа инсистираше во новиот закон за Јавно обвинителство, аудио снимките кои се таканаречени „бомби“ да не важат во доказната постака пред обвинителството и судството.

Ова го истакна долгогодишниот и актуелен кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Молошоски во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, при што појасни дека заради тоа неговата партија не даде поддршка за тој закон. Затоа што ако снимките важеле за Миле Јанакиевски истите треба да важат и за братот на поранешниот премир Заев, Вице Заев.

– Нашиот став е дека кога се гласаше Законот за јавно обвинителство каде што ВМРО-ДПМНЕ не даде поддршка токму поради иваа забелка, ние баравме аудио снимките кои што важеле во годините 2015 – 2019 година, да важат аудио снимки како доказен материјал засекогаш. Ако важеле за Миле Јанакиевски да важат и за Зоран Заев, ако важеле за градоначалникот на Гази Баба да важат и за Вице Заев, рече Милошоски.
Но за жал, додаде тој, инсистирањето на СДСМ да не важат веќе аудио снимките во доказната постапка пред обвинителство или пред судството, покажува дека Заев е свесен нека многу негови до вчерашни соработници нам сега ни доставуваат снимки што се однесуваат за него.
Милошоски истакна дека тој побара да се соочи јавно на телевизија со Заев, и ако има материјали против него да објави јавно пред целата јавност, но и да му даде можност и тој да ги презентира на целата јавност, материјалите кои што негови соработници му ги имаат доставено а се однесуваат на негово криминално работење.

– И затоа јас на една емисија го повикав да излезе заедно на дуел со мене, па се што смета дека има за мене и треба да го пушти слободно да го направи јавно, но да ми дозволи и мене, тоа што јас го имам од некои свиркачи, за Зоран Заев да го презентирам пред јавноста, истакна Милошоски.