дома Македонија ДОГОВОРОТ ЌЕ СЕ ПОТПИШЕ ВО НЕДЕЛА: Потпишувањето на грчка, ручек и прослава...

ДОГОВОРОТ ЌЕ СЕ ПОТПИШЕ ВО НЕДЕЛА: Потпишувањето на грчка, ручек и прослава на Македонска територија

Од Владата на Република Македонија денеска известуваат дека на 17.06.2018 (недела) во регионот на Преспа ќе се одржи настан на кој министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коцијас ќе го потпишат конечниот договор за решавање на македонско – грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство помеѓу двете земји.

– Премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе присустуваат на настанот. Настанот е поделен на два дела, и тоа првиот во Република Грција (потпишување) и вториот во Република Македонија (средба и заеднички ручек). Точните локации и времето на реализација на активностите предвидени во рамки на овој настан дополнително ќе бидат објавени, информираат од Владата.