October 6, 2022, 8:36 pm

Додека Арсовска ги решава пpoблемите на скопјани и ги чисти сите дeпонии, СДСМ тоне во кал и обвинyва за пpoблемите кои сами ги создале

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со секојдневни небулозни напади кон градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, СДСМ се обидува да ја сокрие својата неспобност да ги реализираат проектите ветени пред граѓаните во текот на последниве пет години и како да заборава дека се Влада која ја доведе државата во колапс.

Неоправданите напади кон Арсовска нема да го сокријат фактот дека СДСМ, општините каде што владееше ги остави во катастрофална состојба, со насобрани долгови од милиони евра. Особено загрижувачка е состојбата во Градот Скопје, кој поради неодговарната работа на претходниот градоначалник е заглавен во милионски долгови.

Додека градоначалничката Арсовска и новата градска администрација секојдневно работат на реализација на проектите ветени пред граѓаните, СДСМ оствари само пет проценти од својата програма 2017-2021.

Владејачката партија се надева дека со секојдневните неоправдани напади кон Арсовска, ќе успеат да ја дефокусираат јавноста и да ги сокријат злоупотребите кои ги имаат сторено нивните градоначалници во текот на минатите четири години.

Град Скопје е заглавен со обврски по веќе склучени договори од Шилегов за доспеани и недоспеани обврски од 58 милиони евра и заеми во вкупна висина од 32 милиони евра.
Отпочнале постапки за тендери во 2021 година во вредност од 11 милиони евра

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This