дома Занимливости Дознајте зошто Спенџарска не сака да се лаже самата себе

Дознајте зошто Спенџарска не сака да се лаже самата себе

Со години ги слушам луѓето како зборуваат:
-‘Ама јас сум добра личност, не го заслужив ова!’, истакна на својот Инстаграм профил познатата македонска водителка и инфлуенсерка Јелена Спенџарска.

„А, гледам и знам дека не е така. И многу често си молчам. Но, што е многу важно да сфатиме?
Сите, на некој свој начин ги тешиме нашите драги луѓе кога им е тешко.
Знаете зашто им е тешко?

Зашто СЕ ЛАЖАТ самите себе!“, потенцираше Спенџарска.

Таа посочи дека не се сите 7 милијарди луѓе на овој свет поделени на добри и лоши, тоа е чиста глупост.

„Сите сме ние и едното и другото спрема некој.
Сите сме ние и добри и лоши спрема некој од време на време.
Сите сме ние добри толку колку што ја гледаме нашата лоша страна и лоши толку колку што ја гледаме само туѓата.
И да, мора да прифатиме дека и ти си и јас сум најлошото нешто кое му се случило на некој, а тоа мене ми е сосема ок.
Зашто НЕ сакам да се лажам себе!!“, нагласи Спенџарска.