August 17, 2022, 5:30 am

(Документ) Васко Ковачевски ќе испраќа работници на принуден одмор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утре истекува рокот кој генералниот директор Васко Ковачевски им го дал на подружниците на Елекртрани на Македонија , да направат списоци на работници кои ќе одат на принуден одмор со 70% од плата.

Во дописот наведено е дека треба да се рзгледа можноста од потребата на делумен прекин на работниот однос од деловни причини.

Дописот е испратен на 3 декември годинава.

Експерите за Вечер.мк коменираат дека ова е резултат на увозот на јаглен

-На пример во РЕК Битола имало 2000 рудари, кои копаат, одлагаат, редат јаглен итн…, сега со увозот на 3.000.000 тони годишно, тие не се потребни, бидејќи фиксните трошоци за нив се големи, а сега треба и на тие трошоци да се додаде и цената на увезениот јаглен, велат експерти за Вечер.мк.

Владата будно ја следи состојбата и редовно одржува состаноци на кои се дискутираат чекорите потребни да се амортизира состојбата која е предизвикана од енергетската криза во Европа, при што се ставени во функција термоелектраните во Битола, „Осломеј“ и „Неготино“, се следи операционализација на планот за набавка на ресурсите потребни овие капацитети да работат непречено, паралелно се работи на зголемување на производсвото на електрична енергија од обновливи извори, при што веќе се усвоени четири стратешки проекти за изградба на вакви големи капацитети (фотонапонски централи и ветерни електрани), а се планираат и други мерки со кои ќе се заштитат граѓаните, особено ранливите потрошувачи од евентуалните покачувања на цената на струјата, соопшти владата пред само 6 дена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This