дома Храна Домашен бурек кој брзо се приготвува, повкусен од бурекџилница

Домашен бурек кој брзо се приготвува, повкусен од бурекџилница

Нема човек на Балканов којшто не ужива во тазе подготвен бурек. Може да се јаде во било кој дел од денот и подеднакво ќе ни биде вкусен. Не за џабе се рекло – Ако не си пробал бурек, не си бил во Македонија.

Доколку и вие сте едни од тие кои не можат да му одолеат на бурекот, ви претставуваме одличен рецепт за прекрасен домашен бурек кој лесно и брзо се подготвува а е повкусен дури и од оној во бурекџилниците!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакување готови тенки кори, 150 мл вода, 50 мл масло, сол по вкус и 500 г сирење.

ПОСТАПКА: Водата, маслото и солта ставете на оган да зоврие.

Првите две кори ставете ги во тепсија но така што краевите ќе висат надвор. Премачкајте ги со масло и вода. Така редете ги следните кори и секоја исто премачкувајте ја.

Потоа филувајте со сирење и повторно редете кори и секоја прелијте ја.

Кога ќе се потрошат сите кори, тогаш оние првите две што висат преклопете ги одозгора.
Печете на 220 степени околу 30 минути. Кога е печен бурекот превртете го наопаку и исечете го.

Знам дека се признава само бурек со месо, а сето останато со сирење дека е пита или баница, па вие наречете го како сакате. Пријатно јадење!