дома Актуелно ДОНАЛД ТРАМП СО ПОРАКА: Само „будали“ би помислиле дека добрите односи со...

ДОНАЛД ТРАМП СО ПОРАКА: Само „будали“ би помислиле дека добрите односи со Русија се лоша работа!

Луѓето кои веруваат дека е лошо за САД да има добри односи со Русија се „глупави“, напиша новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп

Трамп повеќе пати сигнализира волја за нормализирање на односите помеѓу САД и Русија откако беа заладени под администриацијата на Барак Обама.

„Да се има добри односи со Русија е добра работа, не е лошо. Само глупави луѓе, или будали, би мислеле дека тоа е лошо! Имаме доволно проблеми низ светот, и без овој!“, напишал Трамп на својот Твитер профил.

Тој додава дека по неговата по неговата инагурација на 20-ти Јануари, САД и Русија ќе ги обединат напорите со цел решавање на глобалните проблеми.

„Кога јас ќе бидам претседател, Русија ќе не почитува многу повеќе од сега, можеби ќе работиме заедно за да ги решиме некои од многуте големи проблеми и отворени прашања во светот!“.