дома Македонија ДОНАЛД ТУК: Македонија направи сѐ што требаше, ама…!

ДОНАЛД ТУК: Македонија направи сѐ што требаше, ама…!

Претседателот на Европскиот совет Доналд Тук, денес изјави дека Република Македонија направила сѐ што беше побарано од неа на патот на евроинтеграцијата.

Но, тој додеда дека и покрај тоа државите членки не се спремни во наредните денови да донесат одлука за почеток на пристапните преговори за Македонија.

Доналд Тук по состанокот, со новиот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, изјави дека Скопје во последните две години ги испрати сите  политички сигнали кои Европската Унија ги очекуваше од земја кандидатка.