дома Хроника ДОЈДЕ ЖИВОТОТ, КУРШУМИ И ПУКАЊЕ НА СИТЕ СТРАНИ: Жена од село...

ДОЈДЕ ЖИВОТОТ, КУРШУМИ И ПУКАЊЕ НА СИТЕ СТРАНИ: Жена од село Сараќино погодена од залутан куршум додека работела во дворот

Вчера во Клиничкиот центар во Тетово било примено повредено лице со прострелна рана од заталкан куршум во десното рамо.

Околу 16 часот во дворот на на куќа во село Сараќино, П.З. (60) додека работела во дворот, почувствувала болка во десното рамо, без претходно да слушне истрели од огнено оружје.

Во Клиничкиот центар ѝ била укажана лекарска помош, а куршумот бил изваден и предаден на вештачење.