дома Македонија ДО ЦВЕЌЕ ИМ ДОЈДЕ: Владата дава 780 илјади евра на човек-фирма за...

ДО ЦВЕЌЕ ИМ ДОЈДЕ: Владата дава 780 илјади евра на човек-фирма за да средува државно цвеќе

Контpaверзниот договорот со владата го добила фирмата „Триста груп“ и е со времетраење од три години, пишува неделникот Фокус.

Според медиумот на тендерот се пријавила само оваа компанија.

“Според Службата за општи и заеднички работи, понудата на „Триста груп“ била прифатлива, па договорот бил склучен. Иако не е незаконски да се прифати понудата без оглед што само една фирма се приjaвила на огласот, сепак тоа не е во духот на Законот за јавни набавки”, пишува Фокус во чие печатено издание се даваат сите детали за спорната јавна набавка.