дома Свет ДРАМАТИЧНИ САТЕЛИТСКИ СНИМКИ: Хидрогенската бомба на Ким Јонг Ун срушила цела планина...

ДРАМАТИЧНИ САТЕЛИТСКИ СНИМКИ: Хидрогенската бомба на Ким Јонг Ун срушила цела планина во Северна Кореја!

Со тестирањето на хидрогенската бомба, Ким Јонг Ун предизвикал серија на клизишта, покажуваат новите сателитски снимки


Зелените планински венци во близина на воената база „Пугјери“ во моментот се претворени во калливи падини.

Најновите севернокорејски тестови предизвикаа и два земјотреси, а постои и сомнеж дека дошло до течење на радиоактивен материјал во атмосферата.

Сеул подоцна потврди дека нивото на радијација било во границата на нормалата, но јавуваат дека постојат нови сомнежи дека понатамошното практикување на вакви тестови би можело да ја сруши цела планина, вклучитело и еден од најголемите светски вулкани Баекту.

Сајтот „38 Норт“, кој соработува со Универзитетот Џон Хопкинс, објави сателитски снимки на кои се гледа промената на површината на локацијата кај „Пунгјери“. Вибрациите на тлото ја кренале земјата во воздух, а на снимките се гледа и серија на помали клизишта кои се спојуваат со локалните води.

„Овие промени се бројни и пошироко распространети отколку што можевме да видиме во претходните тестови кои ги изведе Северна Кореја“, велат на овој портал.