дома Балкан ДРАМА ВО БЕЛГРАД: Пијана жена легна на сред шини и го запре...

ДРАМА ВО БЕЛГРАД: Пијана жена легна на сред шини и го запре сообраќајот

Несекојдневна работа се случила синоќа на Немањина улица во Белград кога жена во видно алкохолизирана состојба легнала на трамвајските шини и го запрела сообраќајот. Трамваите морале да застанат, а кога дошла полицијата таа си запалила цигара и ги пцуела минувачите што ја разбудиле.

Жената имала видливи рани на нозете, па очевидците прво помислиле дека ја удрил трамвај зашто лежела речиси без свест.

Итната помош и полицијата брзо дошле, ја тргнале жената од шините и сообраќајот бил нормализиран.