дома Хроника Драма во Охрид: Жена нападната од глутница кучиња

Драма во Охрид: Жена нападната од глутница кучиња

Во селото Велгошти жена била нападната од неколку кучиња. Нападот се случил во раните утрински часови кога жената се движела пеш по улица во селото, а кучињата се појавиле од двор на куќа покрај патот каде биле чувани без надзор.

 

 

Како што информира ОхридЊуз, жената завршила со искината облека и многу гребаници по телото, а за среќа не се случила трагедија.

Ова е втор ваков случај периодов, откако претходно ичетиригодишно детенце од кочанско беше растргнато од глутница кучиња. Тоа на апарати за дишење, без бубрег и слезина, сеуште се бори за живот