дома Хроника Драма во Скопје: Му дошол на паркинг со нож

Драма во Скопје: Му дошол на паркинг со нож

Во Скопје на булеварот „Јане Сандански“ на паркинг  од страна на непознато лице било извршено разбојништво над 27-годишниот А.Р.  од Скопје.

Полицијата информира дека на скопјанецот му биле одземени 843.000 денари. Имено, откако тој се паркирал на паркингот и излегол од возилото држејќи во рака кеса во која имало пари, насилникот два пати со тупаница го удрил во пределот на главата и лицето, а во другата рака држел нож, од што тој се исплашил за неговиот живот и без да дава отпор му ја дал кесата со парите.

Нападнатиот скопјанец почнал да трча по него, но не успеал да го стигне. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.