дома Македонија ДРАМА ВО СУДНИЦАТА: Роднина на обвинет за 27.април носел солзавец во судницата...

ДРАМА ВО СУДНИЦАТА: Роднина на обвинет за 27.април носел солзавец во судницата – му го одземала судска полиција!

На продолжението на судењето за крвавиот четврток, кое почна во 20 часот и 15 минути, судската полиција пронашла солзавец кај роднинa на еден од обвинетите.

Судијката Добрила Кацарска рече дека поради тоа, на Спасовска ќе ѝ биде забрането да  присуствува на сите идни рочишта. „Тоа лице не смее да се појави повеќе на судењата“, рече судијката.

Потоа во судот исказ почна да дава министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Претходно, приближно 2 часа сведочеше премиерот Зоран Заев.