February 6, 2023, 3:51 am

Драма кај Гевгелија: Не застанал на даден знак на полицијата, откако бил стигнат запрел и почнал да бега – во неговото возило пронајдени 28 мигранти, возачот фатен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 13.12.2021 на автопатот Гевгелија – Скопје, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го лишиле од слобода К.А.(20) од Прешево, Република Србија, затоа што при преглед во товарно возило „фиат дукато“, со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 28 лица – мигранти, од кои 25 од Куба (20 полнолетни и 5 малолетни) и 3 од Индија.

Претходно, во 19.20 часот на автопатот на место викано „Нова петла“ во близина на Гевгелија, тој не застанал на даден знак од полициски службеници, а откако бил стигнат запрел, го напуштил возилото и се обидел да избега, но бил фатен и лишен од слобода. Мигрантите биле пренесени во Прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а К.А. бил задржан во Полициска станица Гевгелија.

Во координација со Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This