дома Македонија Државава е општо лудило: Проработе бројчаникот на триумфална, 157 илјади евра за...

Државава е општо лудило: Проработе бројчаникот на триумфална, 157 илјади евра за Катица

По денешното објавување на скандалозно високите парични износи што поранешната шефицата на СЈО, Катица Јанева, ги добивала наdvor od platata, на Фејсбук со коментар „без зборови“ реагираше новинарот Ивор Миcковски.

-Државава е општо лудило, не се дига глава од криминал и неказнивост, секоја недела се случува некоја нова епска глупост, ама ДУИ се најаки.
Дувлото на криминалот во Чаир си открива споменик на Вудро Вилсон и си држи свечена академија, каде Али раскажува приказни за Америка.
Теута ќе иде во Вашингтон каде се чувствувала како дома.
Како бе сестро како дома, Вашингтон не е тетовска депонија да ти е ко дома.
Оној Муки од СДСМ збори како не сакал коалиција со ДУИ, а седи во партија. Па излези бе мајсторе, што само причаш причи.
Сите министерства што ги водат ДУИ, ај што не прават ништо позитивно, него станаа жив апашлук и тоа пред се на етничка основа, дали е Култура во прашање, делење тендери или нешто трето.
Да не збориме за други скриени бизниси и криминали.
Нема оправање дечки, зборете вие за ветинг, плачете колку сакате, ДУИ ви направи ветинг во цела држава.