дома Македонија ДРЖАВАТА ПOTФPЛИ: Синдикатот за здpaвство ќе купува маски за здpaвствените установи

ДРЖАВАТА ПOTФPЛИ: Синдикатот за здpaвство ќе купува маски за здpaвствените установи

Заштитни маски за вработените во јавните здравствени установи ќе обезбеди Самостојниот синдикат за здравство, од каде информираат дека, дел од тие маски ќе бидат со појака заштита, наменети за директно изложените здравствени работници и медицински персонал.

-Маските ќе бидат испратени до менаџерските тимови во јавните здравствени установи во одредена количина од наредната недела. Здравствените работници, истакнуваат од Синдикатот, им се потребни на граѓаните повеќе од било кога досега во борбата за заштита на јавното здравје.Во новонастанатата ситуација, свесни сме за ризикот и изложеноста на вирусот на нашите вработени во здравствената дејност, се наведува во соопштението на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.