дома Хроника Дрога пронајдена кај гости во велешки локал

Дрога пронајдена кај гости во велешки локал

Синоќа по полноќ полицијата извршила апсења во угостителски објект на велешката улица „А.Шурков“.

Како што информираат од МВР, уапсени биле велешаните П.М.(26), С.Д.(45) и И.К.(43), како и прилепчанецот В.Т. на возраст од 31 година, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и бела прашеста материја.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријави.