дома Балкан ДРУГАРОТ НА ЗАЕВ И ГАЗДАТА НА ГЕРО СПРЕМА АТЕНТАТ НА ВУЧИЌ: Јоца...

ДРУГАРОТ НА ЗАЕВ И ГАЗДАТА НА ГЕРО СПРЕМА АТЕНТАТ НА ВУЧИЌ: Јоца Амстердам во интервју за српски „Експрес“ предупредува на атентат на Вучиќ!

Сретен Јоциќ – Јоца Амстердам тврди дека газдата на српски „Курир“ по налогна црногорскиот бизнисмен Ратко Кнежевиќ го подготвува теренот за убиство на претседателот на Србија Александар Вучиќ. Според Јоциќ, се користи истиот образец како и за атентатот на Џинџиќ, пренесува „Информер.рс“

Сретен Јоциќ, познат како Јоца Амстердам, тврдидека газдата на рекетарскиот српски „Курир“ Александар Родиќ по налог на поедини моќници го подготвува теренот за убиство на претседателот на Србија Александар Вучиќ – пишува „Информер.рс“.
Јоца Амстердам, кој издржува 15 годишна казна затвор поради посредување за убиство, во интервју за српскиот неделник „Експрес“ вели дека позади Родиќ се кријат контроверзи со црногорскиот бизнисмен Ратко Кнежевиќ.

Истиот тој Ратко Кнежевиќ, тврди Сретен Јоциќ, играл клучна улога во медиумската сатанизација на покојниот премиер Зоран Џинџиќ, непосредно пред неговото убиство. Јоца Амстердам го повикал Ратко Кнежевиќ и го обвинил за наодите од ова интервју, и тврди дека има докази за сето тоа што го рекол.

Инаку, сопственикот на српски „Курир“ Александар Родиќ, истиот оној кој е замешан во атентатот на Џинџиќ според Јоца Амстердам, е сопственик и на весникот „Слободен Печат“ во Македонија, каде што главен уредник е Бранко Геровски.

Александар Родиќ беше и првиот гостин на Зоран Заев во владата, веднаш по преземањето на власта, а во текот на кампањата Родиќ беше главниот т.н. „спин доктор“ на Заев и СДС.