дома Македонија ДУИ: Поништување на лустрацијата нема да има пред избори

ДУИ: Поништување на лустрацијата нема да има пред избори

Поништувањето на лустрацијата ќе почека некој иден парламентарен состав, откако ДУИ стави вето на предлогот на владиниот партнер СДСМ, доколку во пакет не оди со решение на статусот на политичките затвореници од комунистичкиот режим и нивните семејства.

Од ДУИ за Плусинфо потврдуваат дека поништување на лустрација ќе нема пред избори. Се наметнува дилемата дали условувањето од ДУИ за поништувањето на лустрацијата со барањето за статусот на политичките затвореници е само предизборен маркетинг, бидејќи не е првпат интегративците предизборно да го отвораат тоа прашање.

Извор: Плусинфо