дома Политика ДУИ СЕ ИСПАЗАРИ: По изборите ќе го добијат Министерството за труд и...

ДУИ СЕ ИСПАЗАРИ: По изборите ќе го добијат Министерството за труд и социјална политика!

Демократската унија за интеграција веднаш по претседателските избори ќе го преземе кормилото на Министерството за труд и социјална политика. Така велат за „Медиал.мк“ извори во партијата на Али Ахмети.

Овој потег на ДУИ дојде како резултат на несогласувања со СДСМ во врска со Законот за заштита на децата, односно обидот на актуелната министерка за труд и социјална политика, Мила Царосвска, да ја отстрани мерката „ТРЕТО ДЕТЕ” и нејзиниот обид за реформи во системот за пензионирање преку таканаречената „СОЦИЈАЛНА ПЕНЗИЈА” каде секој граѓанин кој има само еден работен ден може да се пензионира.