дома Политика ДУИ СЕ ОТКАЖА ОД БЕКИР АСАНИ: Бујар Османи повика надлежните да превземат...

ДУИ СЕ ОТКАЖА ОД БЕКИР АСАНИ: Бујар Османи повика надлежните да превземат мерки, и вети дека ДУИ нема да се меша

Вицепремиерот, Бујар Османи ги повика надлежните да преземат мерки во врска со навредите и заканите што Беќир Асани од ДУИ му ги испраќал на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Тој денеска го осуди однесувањето на Асани и рече дека ниту тој, ниту Владата, нема да штитат никого.

-Наша волја е да создадеме законска рамка за да можат новинарите да ја завршат слободно својата работа, и политичка волја да осудиме и да им помогнеме на новинарите во остварувањето на нивните задачи. Ова го правиме без никакво двоумење или заштита на кој било вклучително и највисок претставник на некоја политичка партија, така што немаме дилема во тој дел – рече Османи.