дома Македонија ДУИ СИ КУПУВА ФАМИЛИИ ПРЕД РЕФЕРЕНДУМОТ: Над 108 Албанци во МВР ќе...

ДУИ СИ КУПУВА ФАМИЛИИ ПРЕД РЕФЕРЕНДУМОТ: Над 108 Албанци во МВР ќе се вработуваат и унапредуваат!

Многубројни критики дека Албанците во рамките на МВР со години не унапредуваат, конечно дадоа резултати, објавија медиумите на албански јазик во земјава

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на прашањето на порталот на албански јазик, “Pa Censurë” – (Без Цензура) за ова прашање рече:

“Ја имам честа да ве известам дека само што ја завршивме листата на вработени кои ќе бидат унапредени во рамките на МВР. Сакам да споделам со вас дека за првпат се случува напредувањата да бидат единствено заслужени и ни најмалку под влијание “, додаде Нухиу меѓу другото.

Заменик-министерот Нухиу, исто така, рече дека Албанците во МВР напредуваат само врз основа на соодветно стручно образование и обука.