дома Македонија ДУРИ 43 ФУНКЦИОНЕРИ НА СДСМ ОДБИЛЕ ДЕБАТА СО АПАСИЕВ: Голем е стравот...

ДУРИ 43 ФУНКЦИОНЕРИ НА СДСМ ОДБИЛЕ ДЕБАТА СО АПАСИЕВ: Голем е стравот од професорот

Дури 43 пратеници, членови, активисти, симпатизери и експерти на Социјалдемократскиот сојуз одбиле директно или на друг начин избегнале дебата со професорот Димитар Апасиев.

За потребите на дебата на емисијата ,,Отворено на Алфа” вкупно 43 гости кои го бранат договорот со Грција одбиле да се соочат со Апасиев, открива новинарката Искра Коровешовска во емисијата во која гостува членот на президиумот на Левица.

Пред 3 месеци истото се случи и во емисијата “60 минути” со Горан Момироски кога десетина поканети избегнаа дуел со Апасиев.

Новото видео од гостувањето на професорот на Алфа ТВ. За бојкотот на Апасиев на 22 минута од видеото.