По пopнo-скандалот што повеќе од еден месец е тема број еден на голем број регионални медиуми, фудбалерот Душко Тошиќ одлучи да ја казни сопругата Јелена Карлеуша, но не со развод (барем не засега!), туку со санкции.
Јелена имаше ‘луди’ идеи кога станува збор за реновирањето на вилата што Душко ја купи од Пикси. Сакаше да урива ѕидови, да гради спа-центар, да купува прескап мебел. Според првичниот план, сето тоа ќе го чинеше Душко 300.000 евра. Пред аферата со Врањеш, тој сакаше да и’ ја исполни секоја желба, но сега одлучи да и’ ја затвори чешмата“, открива за „Информер“ извор близок на семејството Карлеуша-Тошиќ.