дома КОВИД-19 (Коронавирус) Д-р Петличковски: Тpaтa дoзa нeмa да coздaде кoлeктивeн имyнитeт – сѐ yштe...

Д-р Петличковски: Тpaтa дoзa нeмa да coздaде кoлeктивeн имyнитeт – сѐ yштe имa лyѓe кoи нe пpимилe нитy eднa

Директорот на Институтот за имунологија Александар Петличковски вели дека третата доза нема да помогне во зголемување на колективниот имунитет бидејќи сѐ уште има луѓе кои не примиле ниту прва доза.

Тој во интервју за Телма рече дека сега треба да се вакцинираат и децата бидејќи, како што вели, поради децата кои одат на уччилиште се создаваат можности за пренос на Ковид-19.

– Бустер дозата, односно третата доза од вакцината против ковид-19, кај нас нема многу да помогне за создавање колективен имунитет, бидејќи има луѓе кои сè уште не примиле ниту прва доза. Сега треба да се вакцинираат и децата, односно населението под 18 години. Ако ги оставиме децата неиумунизирани, а тие одат на училиште, се создаваат можности за пренос на вирусот – рече д-р Петличковски.