дома Европа Дaли ќe бидe пoтpeбeн ПЦP тecт зa влeз вo Германија?

Дaли ќe бидe пoтpeбeн ПЦP тecт зa влeз вo Германија?

Германската влада планира заострување на правилата за тестирање за сите патници.

Во земјата не би можел да влезе никој кој не е вакциниран, има прележано коронавирусот или покаже негативен тест. Меѓу членовите на германската влада се шири стравот од нов бран на заразени.

Откако портпаролката на владата Улрике Демер изјави дека се размислува околу воведување нови мерки ако инциденцата продолжи да расте со сегашната брзина, сега и министерот за здравство Јенс Шпан најави заострување на правилата за влез во земјата за повратниците од годишен одмор и патниците.