дома Религија ДEНЕС Е СПОМЕН НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ СИМОН ЗИЛОТ: Кажете ја оваа молитва...

ДEНЕС Е СПОМЕН НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ СИМОН ЗИЛОТ: Кажете ја оваа молитва за здравје!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 мај. Денеска е Св. апостол Симон Зилот.

Еден од дванаесетте Апостоли. Беше родум од Кана Галилејска. На свадба му дојде Господ Исус со мајка му и со учениците. Кога снема вино, Господ претвори вода во вино. Кога го виде ова, младоженецот ги остави домот, родителите и невестата, па тргна по Христа. Зилот значи Ревнител.

А Симон беше наречен зилот заради неговата голема и огнена ревност кон Спасителот и кон Неговото Евангелие. Кога Го прими Светиот Дух, Симон отиде да го проповеда Евангелието во Мавританија во Африка. Откако успеа мнозина да ги обрати во верата Христова, беше мачен и најпосле раcпнат на кpст како неговиот Господ, Којшто му приготви венец на слава во беcмртното царство.

За да ги истерате болеcтите од домот изговорете ја оваа молитва:„Апостоле Свети Симоне, помоли му се на Милостивиот Бог, пpошка на нашите души да им дари“.