дома КОВИД-19 (Коронавирус) Дeнec ќe ce нocaт мepки зa бopбa co дeлтa cojoт нa кopoнaвиpycoт

Дeнec ќe ce нocaт мepки зa бopбa co дeлтa cojoт нa кopoнaвиpycoт

Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува за воведување рестрикции во однос на заштита на границите против ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој се рашири низ Европа и ќе процени дали тестовите се вистинската мерка со која ќе може да се заштитиме. Во исто време, од денеска почнува и вакциницијата на вработените во основните и средните училишта во државата.

– Овој процес на имунизација на наставниот и ненаставен кадар вработен во образованието, како дел од критичната инфраструктура го спроведуваме за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година, соопшти Министерството за здравство.

Оваа недела ќе започне закажувањето термини за вакцинација и на вработените во високообразовните институции.

Во моментов ресорното Министерството најмногу е фокусирано на вакцинацијата и се очекува до петок да бидат вакцинирани околу 500.000 граѓани. Вакцинацијата се одвива во сите пунктови во земјава и поделени се сите вакцини, согласно бројот на пријавени граѓани.

Здравствените власти сметаат дека тоа е недоволно и апелираат граѓаните да се пријават за вакцинација. Во зголемувањето на бројот на имунизирани лица треба да придонесе и теренската вакцинација, која е веќе почната кај нас.