Дeтaли зa вчepaшнaтa пoлициcкa akциja вo Грчец и Гaзи Бaбa: Пeттe глaвни вo бeгcтвo, мeѓy yaпceнитe eдeн maлoлeтник, oдзeмeни пoвeќe oд 80 илjaди eвpa и 300 илjaди дeнapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Осум лица, од кои едно малолетно лице се приведени после акцијата за трговија со дрога. После претресот на 9 места на криминалната група во Гази Баба, се одземени повеќе од 80 000 евра, над 300 000 денари и 500 франци, истакна денес на прес конференција обвинителката Русковска.

За малолетното лице како што кажа обвинителката, ќе биде третирано со посебен предмет по закон за деца во судир со закон. При претресот извршен во Гази Баба се пронајдени 5 килограми марихуана и од 600 до 700 грама кокаин, а во Грчец пронајдена е мала количина на дрога, околу 100 грама кокаин на 3 локации, додаде Русковска.

Дрогата ја чувале подалеку од своите домови, на безбедни локации. Одземени им се мобилните телефони и пуштени на вештачење, со што би се докажале и останати нивни кривични дела. Фатени се само продавачите на дрога, а не нарко босовите, но имаат доволно докази за нив вели Русковска.

Инаку над една година, овие лица од скопските населби Грчец, Гази Баба, Чаир и Сингелиќ биле следени во секој чекор, а полицијата ја разбила оваа мрежа која тргувала со дрога. За во понеделник Русковска најави и финансиска истрага, а истакна дека доколку не се најдат главните пет лица, ќе биде распишана меѓународна потерница.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This