February 6, 2023, 4:16 am

Дeтaли oд Mиниcтepcтвoто за здpaвcтво за пoчинaтaта 16-гoдишнa пaциeнткa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство со голема жалост информира, дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 16 годишна пациентка од село Сиричино тетовско.

Пациентката со многу тешка клиничка слика со возило на Итна Помош е донесена на Инфективна клиника, од КБ Тетово каде била од 21.10 до 23.10, а претходно била лекувана во домашни услови заради тегоби кои датирале 9 дена од иницијалниот прием во тетовската болница.

Според медицинскиот извештај, од КИБФС станува збор за исклучително тежок случај, кислородно зависна со тешка ковид пневмонија. Во текот на хоспиталниот престој од анализите е потврдена и белодробна тромбемболија. Во текот на лекувањето доаѓа до брзо прогресивно влошување на респираторната функција.

Пациентката е мултидисциплинарно лекувана поради развиените компликации. Во текот на вчерашниот ден дојде до драматично влошување на виталните параметри што доведе до срцево белодробно попуштање. Младата пациентка не била вакцинирана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This