дома КОВИД-19 (Коронавирус) Дoбpи вecти oд Тетово: Зa пpв пaт пocлe пoвeќe oд тpи нeдeли...

Дoбpи вecти oд Тетово: Зa пpв пaт пocлe пoвeќe oд тpи нeдeли нeмa пoчинaти пaциeнти од Koвид-19

Во изминатите 24 часа, до седум часот утринава во тетовската клиничка болница нема починат пациент меѓу заболените кои се на болничко лекување во Ковид центарот. 

Се намалува и бројот на хоспитализирани во болница.

-За прв пат после повеќе од три недели при евиденција на 24 часовните период немаме починат пациент меѓу хоспитализираните. Има нови девет примени на болничко лекување, а 13 се пуштени дома. Сега има вкупно 84 хоспитализирани од кои 82 се на кислородна поддршка. Бројот на прегледи во амбуланта изнесува135 – изјави д-р Миранда Пајазити.

Пред една недела на 31 август имаше 116 хоспитализирани, додека пред две недели на 24 август имаше најголем број 10 смртни случаи за 24 часа.