дома Актуелно Дpaма во Бардовци

Дpaма во Бардовци

Вистинска драма се случувала попладнево во душевната болница Бардовци откако вработен позитивен на коронавирусот се појавил на работа и покрај тоа што соогласно протоколите требало да биде во самоизолација.

Ситуацијата ескалирала откако останатите вработени поради страв морале да му ја заклучат вратата на заболениот колега за да не влезе во установата. Откако тој нервозно почнал да тропа по вратата и да се заканува била повикана и полицијата која ги спровела потребните мерки.

За да биде ситуацијата уште посериозна, наводно вработениот бил револтиран и од инает се појавил на работното место бидејќи тоа го правеле двајца негови колеги со денови за кои тој тврдел претходно го заразиле.

Министерот за здравство, Венко Филипче реално треба да ја согледа ситуацијата со коронавирусот која ескалира и лудилото кое владее во здравствените институции поради недостаток на кадар, но и на сериозен менаџмент. Има ли пилот во авионот или граѓаните ќе мораат да чекаат подобар министер за безбедно да слетаат среде оваа „бура“.