дома Македонија Дpaма во CДCM, мнoзинcтвoтo гpaдоначалници во Скопje нema да добиjaт втop maндaт

Дpaма во CДCM, мнoзинcтвoтo гpaдоначалници во Скопje нema да добиjaт втop maндaт

Најголем број од актуелните градоначалници на СДСМ во скопските општини нема да бидат кандидирани за уште еден четиригодишен мандат на следните локални избори, вели за Фокус извор од врвот на владејачката партија.

-Од сите 8 градоначалници, само еден или двајца имаат шанси повторно да бидат кандидати. Така коментираат граѓаните и толку сработиле – ни изјави висок функционер на СДСМ, кој е дел од најтесното партиско раководство.

Во рамки на Скопје, социјалдемократите имаат градоначалници во: Центар (Саша Богдановиќ), Карпош (Стефан Богоев), Кисела Вода (Филип Темелковски), Аеродром (Златко Марин), Ѓорге Петров (Александар Наумовски), Бутел (Велимир Смилевски), Гази Баба (Борче Георгиевски) и Шутооризари (Курто Дудуш).