дома Хроника Дpaмa вo Гостивар: Пo тeлeфoн пoвикaл пoзнaник на игpaлиштe и гo пpeтeпaл

Дpaмa вo Гостивар: Пo тeлeфoн пoвикaл пoзнaник на игpaлиштe и гo пpeтeпaл

Гостиварското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 25-годишен гостиварец, за сторено кривично дело – насилство.

Како што информираат од обвинителството, 25-годишникот на 31 јануари годинава, околу 16:30 часот во Гостивар, ја загрозил сигурноста на едно лице вршејќи грубо насилство, предизвикувајќи во јавноста чувство на несигурност, загрозување и страв.

Имено, гостиварецот му се јавил на оштетениот и го повикал да се сретнат на игралиштето во населба Малеарди. Откако оштетениот пристигнал, обвинетиот го нападнал со тупаници и клоци по главата и телото.

Потоа обвинетиот насилно го внел човекот во своето возило и започнал да се движи по патот, постојано удирајќи го оштетениот со тупаници, заканувајќи се дека ќе го однесе во блиската шума каде ќе го тепа со дрво и шипка.

Движејќи се со возилото, по пат ги пресретнал таткото на обвинетиот. Но и покрај тоа што таткото на 25-годишникот се спротивставил на насилството, обвинетиот продолжил да го удира човекот.

Во тој момент оштетениот, кој од ударите се здобил со повреди, успеал да избега од самото место.