дома Хроника ДPAMA BO ВИНИЦА: Му ги зacтрелал домашните животни на соседот и му...

ДPAMA BO ВИНИЦА: Му ги зacтрелал домашните животни на соседот и му се закaнyвал

Жител на виничкото село Истибања вчера застрелал домашни животни на соседот, испукувајќи два истрела со дијаболи од воздушна пушка. Според пријавата, тој исто така му се заканувал на соседот.

Полициски службеници излегле на местото и било констатиранод дека Д.Т. пукал неовластено од пушката која со потврда ја поседувал неговиот син. Пушката била одземена заедно со кутија со седум дијаболи калибар 4,5 мм. Д.Т. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.