дома Македонија Дyкocки: Oвa штo го пpaвaт врз Бokи е тopтypa, некoj ќe одговapa

Дyкocки: Oвa штo го пpaвaт врз Бokи е тopтypa, некoj ќe одговapa

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дукоски по одложеното рочиште рече дека неговиот клиент е во исклучително лоша здравствена состојба. Тој појасни дека раните не му зараснуваат и оти едноставно Боки не може да биде третиран во затвроски услови.

Ова што го прават врз него е кривично дело „торутра“ и за тоа некој ќе одговара. Барањето да биде пуштен во домашен притвор е одибиено, но ќе поднесеме ново. Како можете да држите болен човек во затвор каде не може да му биде пружена никаква нега, рече Дукоски.

Претходно денешното рочиштето за судскиот процес „Меѓународен сојуз“ се одложи поради отсуството на првообвинетиот Јованоски. Судијката побара лекар да констатира кога ќе биде способен да ги следи судењата.

Следниот обид за одржување рочиште ќе биде на 28 октомври, доколку дотогаш здравствената состојба на Јовановски се подобри.