дома Uncategorized Еве зошто сите часовници на реклама покажуваат 10:10

Еве зошто сите часовници на реклама покажуваат 10:10

Дали некогаш сте се запрашале зошто часовниците во рекламите секогаш покажуваат 10:10 часот?

Доколку никогаш не сте го забележале овој временски распоред, тоа значи дека луѓето од макркетинг добро си ја завршиле својата работа. Причината за ваквата поставеност на стрелките беше откриена во една статија во New York Times. Вака наместеното време заедно со раката даваат рамка која убаво го истакнува брендот и логото, вели Ендру Блок, извршен потпретседател на Tourneau.

Бидејќи повеќето логоа се наоѓаат на врвот на часовникот, поставувањето на времето на 12:05 или 01:20 целосно ќе ги покрие. Секако дека доколку сакате видливост на логото ќе можете да ги наместите стрелките на 04:40, но тоа визуелно нема да им изгледа привлечно на потрошувачите, тврди Сузан Хурни, шеф на маркетинг и рекламирање во Ulysse Nardin.

Друга причина за овој рекламен “тренд” е што оваа наместеност прави да се создаде облик на смајли кој потсвесно ги поттикнува купувачите да се заинтересираат за купување. Па така, доколку сакате да продадете часовник поставете го на 10:10 и добијте ја естетично најпрефинетата слика.

Веруваме дека после ова никогаш нема да можете да гледате реклама за часовник без да го забележите времето.