дома Временска Прогноза Еве какво време не очекува за продолжениот викенд

Еве какво време не очекува за продолжениот викенд

Под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето ќе биде сончево и многу топло, велат од УХМР.

Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.

Во сабота ќе има зголемена облачност и ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето.

Понеделник, кој ќе биде неработен ден за сите граѓани на државата, ќе биде стабилен и топол ден со многу сонце, а живата во термометарот ќе се искачи до 34 степени.