дома Актуелно Еве кои компании им ги ветил Заев на Бугарите

Еве кои компании им ги ветил Заев на Бугарите

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата „Прашањето ми е следно“ ексклузивно со публиката на Инфомакс откри кои приватни компании Зоран Заев им ги ветил на Бугарите. Тој посочи дека се работи за еден рудник, една приватна телевизија, една банка и еден мобилен оператор.

-Јас не знам кои информации ги имате вие, но знам што ни беше кажано директно на средби кои што сме ги имале ние со претставници на политичката партија на Бојко Борисов, ГЕРБ со која што сме во истото политичко семејство, ЕПП, а тоа е дека Заев ветил одредени економски концесии на приватни компании. Ветил на Бугарите дека ќе можат скоро за безпари да купат една национална приватна телевизија. Дека ќе можат да купат за безпари приватна банка. Дека ќе можат да купат акции од еден мобилен оператор. И дека ќе можат да купат еден рудник, тоа е Иловица, вели Николоски.