дома Свет Еве кои се ycловите за Трамп да ги ykине caнкциие кон Русија

Еве кои се ycловите за Трамп да ги ykине caнкциие кон Русија

Санкциите на САД против Русија нема да бидат потребни доколку Москва се воздржи од агресија во странство и стане пријателски партнер на Соединетите американски држави и Европа, рече Роберт О’Брајан, советник за национална безбедност на американскиот претседател.

Во својот напис за „Вашингтон пост“, О’Брајан ги наведе бројните санкции што администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп ги воведе против Русија.

– Ниту еден претседател од времето на Роналд Реган не покажа толку многу решителност кон Москва. Претседателот Трамп, како и Реган, бара нов пат во односите со Русија – пат на кој Русија ќе се воздржи од агресија во странство и ќе стане пријателски партнер на Соединетите американски држави и Европа. Во таков свет, санкциите против Русија не би биле неопходни и трговијата меѓу нашите земји ќе цвета. Русите, Американците и целиот свет би имале корист од ваквите односи – напиша О’Брајан.