дома Македонија ЕВЕ ШТО ВЕЛАТ ФРАНЦУЗИТЕ: Македонија економски и политички не е подготвена за...

ЕВЕ ШТО ВЕЛАТ ФРАНЦУЗИТЕ: Македонија економски и политички не е подготвена за ЕУ

Македонија економски и политички, институционално не е подготвена за ЕУ, вели Антуан Пикард, француски експерт за европски прашања од Тулуз, и смета дека тоа е причината која го натера францускиот претседател Емануел Макрон да стави вето на самитот во Брисел, а со тоа нашата земја да не почне преговори, пишува Фактор.

Вели дека самата ситуација во Франција и Европа налага да се преземе еден таков чекор. Според него, недовербата е оправдана.

Пикард како пример ја наведува и Грција која често се соочува со финансиски кризи. Реформи се потребни за да се подобри животот на граѓаните.

–Се разбира, секој може да ги смени работите во својата сфера, без разлика дали е во неговиот секојдневен живот или на ниво на влада. Секој може да се погрижи да донесе реформи и промени, за тоа нема потреба од Европа, вели тој.
Според него, тоа е она што фали во Македонија и што ги уверува другите држави дека Македонија не е подготвена за ЕУ.

Пикард вели дека со напори, можеме да ги смениме работите дома, да направиме реформи, но дали Македонија ќе влезе во ЕУ, ќе зависи од поширокиот контекст.

Целата вест на Фактор.