дома Македонија Еврокомесарот Хан в четврток во Скопје

Еврокомесарот Хан в четврток во Скопје

Belgium - Brussels - 10 October 2011 - Open Days 2011 - Tv interview at the European Parliament -Johannes HAHN , Commissioner for Regional Policy , Commissioner for Regional Policy © European Union / E.Scagnetti

Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, во четврток доаѓа во Република Македонија, во време кога во земјата се водат разговори за формирање на Влада по парламентарните избори на 11 декември минатата година.

Од канцеларијата на Хан потврдија дека еврокомесарот ќе биде во Скопје на 9-ти овој месец за да учествува на министерскиот состанок посветен на енергетиката во рамки на процесот „Шест западно-балкански држави“. – На агендата на комесарот Хан е да дојде во Скопје во четврток.

Тој ќе учествува на министерскиот  состанок на министрите за надворешни работи и за енергетика (економија) во рамки на “Шест западно-балкански змеји“ процесот. А на маргините на овој состанок, тој ќе има билатерални средби со сите засегнати страни во земјата, соопштија од кабинетот на Хан. Пристигнувањето на Хан во Македонија доаѓа во период кога во земјата се водат разговори за формирање на влада, па не е исклучено првиот човек за проширување на ЕУ да се обиде да помогне во овој дел.